Ирска од денеска претседава со ЕУ

Од:

Ирска од денеска по вторпат во својата историја го презема претседавањето со ЕУ.

Претходниот пат, оваа земја претседаваше со Унијата пред осум години, на врвот на ентузијазмот за проширување, кога истовремено беа примени дури 10 нови членки, вклучувајќи ја и Словенија.

Во меѓувреме ентузијазмот за проширување многу се намали, но ирската државна секретарка во Министерството за европски работи Лусинда Крејтон се повика на наследството од претрходното претседавање, изразувајќи ја поддршката на нејзината земја кон евроинтеграциите.

– Овој пат можеби нема да бидат примени нови 10 членки, но ќе се потрудиме максимално да го поттикнеме процесот на проширување, изјави Крејтон на неодамнешната прес-конференција во Брисел.

Освен проширувањето, Ирците како свои најважни приоритети ги нагласија стабилизацијата на состојбите во еврозоната. Освен тоа, се очекува многу енергија за време на ирското претседавање да се потроши на формулирање на европската политика кон Блискиот Исток, кој денес е понестабилен и понепредвидлив од било кога.

Најпрво, тука е граѓанската војна во Сирија која се заканува да се префрли на Турција, која е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, како и прашањето за иранската нуклеарна програма, каде европската дипломатија игра клучна улога во изнаоѓање решение да се избегне израелска воена интервенција.

По Ирска, на 1 јули 2013 година, претседавањето со ЕУ ќе го преземе Литванија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он