Ирска издвојува 1,2 милијарди евра за справување со Брегзит без договор

Од:

Ирска од својот буџет за 2020 година ќе издвои фонд во вредност од 1,2 милијарди евра, со кои ќе се овозможи намалување на економскиот удар од евентуален Брегзит без договор, изјави ирскиот министер за финансии Паскал Донахју.

– Тоа е буџет, создаден во сенката на Брегзит. Денеска најавувам пакет од над 1,2 милијарди евра, без финансисрање од ЕУ, како одговор на Брегзит, истакна Донахју пред Парламентот.

Тој нагласи дека фондот за „тврд Брегзит“ ќе вклучува 200 милиони евра за пристаништа и аеродроми и за персонал во текот на следната година.

Околу 220 милиони евра ќе бидат итно употребени во случај на излез без договор до 31 октомври.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз