Иранската елитна воена единица ја обвини Саудиска Арабија за нападите во Техеран

Од:

Иранската револуционерна гарда – иранска елитна воена единица, ја обвини Саудиска Арабија за денешните напади во Техеран и се закани дека Иран ќе им се одмазди на „терористите“.

Заменик командантот на елитната воена единица, Хусеин Салами вети дека Иран ќе им се одмазди на џихадистичката група Исламска држава и нејзините сојузници.

– Не се сомневајте, ќе се одмаздиме за денешните напади во Техеран – и на терористите и на нивните помошници и поддржувачи, нагласи Салами.

Во соопштението на воената единица, чија главна задача е да ја заштитува власта во Техеран, се наведува дека „докажала во минатото оти се одмаздува за секоја пролеана невина крв во Иран“.

Иранската револуционерна гарда смета дека Саудиска Арабија е одговорна за денешните напади.

– Овој терористички напад беше извршен само една недела по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и саудиските лидери, кои ги поддржуваат терористите. Фактот дека ИД ја презеде одговорноста докажува оти тие биле вмешани во бруталниот напад, се додава во документот.

Во нападите врз зградата на иранскиот Парламент и мавзолејот на ајатолахот Хомеини загинале 12 лица, а 43 се повредени.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел