Ирански генерал убиен во израелски напад во Сирија

Од:

Иран потврди дека во израелски воздушен напад во Сирија е убиен генерал на Иранската револуционерна гарда, заедно со неколку борци на либански Хезболах.

– Поради ционистичката агресија против поддршка на отпорот во Сирија, убиен е генералот Мохамад Алахдади, поранешен командант на бригадата Саролах на Револуционерната гарда, заедно со Џихад Мугнијах и други во истиот автомобил, се наведува на иранскиот сајт Дана вести.

Генералот Алахдади е убиен во напад на израелски хеликоптери на територијата на Сирија, додава иранскиот информативен сајт.

Во истиот напад е убиен и синот на убиениот командант на Хезболах Имад Фајед Мугнијах.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски