Иранската државна телевизија беше хакирана од демонстранти

Од:

Преносот на вестите на иранската државна телевизија беше прекинат со хакирање од страна на демонстрантите, јавува Би-Би-Си. На екранот се појави маска слична на оние на хакерската група Anonymous. После тоа, се појави слика на иранскиот лидер Али Хамнеи со црвена мета на челото и слики од жени кои загинаа во протестите.

Групата што ја хакираше програмата се вика Адалат Али, или правдата на Али, преведено од Фарси. Откажувањето на програмата дојде откако уште најмалку три лица беа убиени кога демонстрантите се судрија со полицијата. На екранот пишуваше „придружи ни се и стани“ и „крвта на нашата младост капе од твоите раце“. Прекинот на програмата траеше неколку секунди.

Да потсетиме, Махса Амини, 22-годишна жена од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран поради неносење хиџаб. Нејзината смрт во притвор предизвика протести во многу области вклучувајќи го и главниот град.

Во извештајот на иранскиот судски лекар за смртта на Махса Амини се наведува дека таа не умрела од удари во главата и екстремитетите, туку од откажување на повеќе органи предизвикано од церебрална хипоксија, објави официјалната новинска агенција ИРНА.

Поради смртта на 22-годишната Амини, додека била во затворот на иранската морална полиција, низ Иран избувнаа протести кои траат повеќе од две недели. Таткото на Махсе Амини рече дека таа има модринки на нозете и ја смета моралната полиција за одговорна за нејзината смрт.

Во извештајот на судскиот совет се наведува дека нејзината смрт не била предизвикана од удари во главата или екстремитетите. Не е наведено дали таа се здобила со повреди. Во извештајот се наведува дека таа колабирала додека била во притвор, поради постоечки болести.

„Поради неефикасна кардио-респираторна реанимација во првите клучни минути, таа претрпе тешка хипоксија и последователно оштетување на мозокот“, се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел