Иранска армија: Нападнавме американска база во Бахреин

Од:

Иранската армија објави дека извршила напади со беспилотни летала врз американските сили во воздухопловната база Шеик Иса во Бахреин, што, според неа, било одговор на нападите на Вашингтон врз јужен Иран.

„По непријателската агресија на американскиот непријател врз воените и цивилните области на југот од земјата и кршењето на меморандумот од 14 точки, напаѓачките беспилотни летала на армијата на Исламската Република Иран утрово ги нападнаа позициите на непријателските американски сили во базата Шеик Иса во Бахреин“, се вели во соопштението на армијата, објавено од официјалната новинска агенција ИРНА на Иран.

„Ова е последица на дрското и постојано кршење на прекинот на огнот од страна на криминалната американска влада, а сите американски бази во регионот ќе бидат легитимни цели за нашите воени беспилотни летала“, се додава во соопштението.

Претходно, Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГК) на Иран објави дека нападнала 85 американски воени објекти во Бахреин и Кувајт.

Би можело да ве интересира

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија