Иранска актерка се соочува со казна поради бакнежот со претседателот на канското жири

Од:

Иранската актерка Лејла Хатами, која е член на жирито на филмскиот фестивал во Кан, ризикува да биде казнета во својата земја, затоа што го бакнала во образот, 83-годишниот претседател на жирито Жил Жакоб.

Бакнежот, што е вообичаен во европската култура и низ целиот свет, се случи пред влезот на зградата каде се одржува фестивалот, на церемонијата на поздравување со угледните гости и членови на канското жири, непосредно пред отворањето на годинешнава филмска смотра.

Поздравувањето на Хатами и на Жакоб е регистрирано од фоторепортерите и прикажано и во Техеран, каде предизвика гневна реакција.

Иранските власти сметаат дека она што го направила нивната актерка е недозволиво и погрешно, затоа што претставува „навреда врз чистотата“ на жените во Иран.

– Оние кои присуствуваат на меѓународни настани, би требало да се придржуваат на кредибилитетот и чистотата на Иранците, па затоа не смее пред светот да се дава лоша слика за иранската жена, изјави заменик министерот за култура на Иран,Хусеин Нушабада.

Според неговото објаснување, иранската жена е „симбол за чистота и невиност“.

Заменик министерот смета дека присуството на актерката Хатами во Кан, само по себе, е „несоодвтено и погрешно“, затоа што не е според религиозните верувања.

Лејла Хатами е мошне позната и популарна актерка во Иран, која стана позната и низ светот по својата улога во наградуваниот ирански филм „Разделување“. Таа потекнува од познато семејство на синеасти и патува по светот, но постојано живее во Иран. Засега нема најава дали и како би можела да биде казнета за нејзината повреда на религиозните правила.

Според шеријатското право, што строго се применува во Иран по 1979 година, Иранката не смее да има физички контакт, вклучувајќи и бакнеж, со маж, доколку тој не е член на нејзиното семејство.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел