Иран со предупредување до Турција за влошување на регионалната ситуација

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ја предупреди Турција за влошување на ситуацијата на Блискиот исток по одлуката на Анкара да дозволи воена интервенција во Сирија и Ирак.

Во телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, Зариф го критикуваше избраниот метод за борба со тероризмот и изрази загриженост од каквибило акции што би ја влошиле ситуацијата.

– Во сегашната ситуација државите од регионот треба да дејствуваат одговорно и да избегнуваат да придонесат за влошување на ситуацијата, нагласил Зариф во тој разговор, соопшти МНР на Иран.

Турскиот Парламент вчера со големо мнозинство усвои Резолуција со која го одобри предлогот на Владата за давање мандат на армијата за прекугранични операции во Сирија и Ирак против припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Со одлуката на Парламентот, турската Армија доби манадат, почнувајќи од 4 октомври, да спроведува прекуграничи акции во рамки на операцијата на меѓународната коалиција против ИД. Покрај ова, Парламентот одобри и да им биде дозволено на странски воени сили да ја користат турската територија за операции против ИД во двете соседни држави.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран