Иран повика на обединет исламски одговор за ескалацијата на израелските напади

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ги повика исламските земји да преземат колективни мерки против, како што рече, ескалацијата на кршењата на меѓународното право од страна на Израел.

Во телефонски разговор со генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка, Хосеин Брахим Таха, Аракчи се заблагодари за осудата на воената агресија на Израел против Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Аракчи рече дека нападот на Израел е јасно кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и претставува сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност, додавајќи дека тоа ја истакнува опасноста од неказнивост.

„Оваа неказнивост охрабрува понатамошна агресија и злосторства“, рече Аракчи.

Тој го потврди правото на Иран на самоодбрана, нагласувајќи дека вооружените сили се подготвени да го бранат суверенитетот на земјата.

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка изрази длабока загриженост поради израелските напади и ја осуди воената ескалација.

Тах рече дека организацијата ќе соработува со Обединетите нации за да мобилизира меѓународна поддршка и да спречи регионот да потоне во подлабока нестабилност.

Би можело да ве интересира

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Хамнеи: Басиџ нема да пропушти можност да им се спротивстави на непријателите на Иран

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад