Иран не очeкува напредок во нуклеарните преговори во Виена

Од:

Иран не очекува напредок во тристраните преговори за неговата нуклеарна програма, изјави дееска министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

– Не очекуваме да постигнеме напредок во овој круг од преговорите, но сепак тој е решавачки и може да го отвори патот кон конечната спогодба, рече Зариф.

Според него, како што јавија ТАСС и ДПА. дводневните преговори меѓу Иран, САД и Европската унија, што почнуваат утре, треба да ги надминат пречките за постигнување на договор за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Зараф нагласи дека преговорите ќе се фокусираат врз тоа колкаво количество ураниум Иран ќе може да збогатува и кога ќе бидат укинати сите санкции против неговата земја.

Преговарачите имаат шест недели до крајниот рок, што Иран и шестте светски сили (Велика Британија, Кина, Франција, Русија, САД и Германија) си го поставија за постигнување на спогодбата за нуклеарната програма на Техеран.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски