Иран назначи амбасадор во Мароко и ги обнови прекинатите дипломатски односи

Од:

Иран го назначи Мохамад Таги Моајед за амбасадор во Мароко и со тоа ги обнови  допломатските врски меѓу двете земји по нивниот прекин во 2009 година, соопшти извор од иранското Министерство за надворешни работи, цитиран од француските медиуми.

Назначувањето на Моајед е потврдено и од иранскиот претседател Хасан Рохани.

Моајед пред оваа дипломатска функција бил амбасадор во Тунис и заземал други дипломатски должности во Холандија и Грција.

Иран и Мароко на почетокот на годината соопштија дека е потребно да ги обноват дипломатските односи, што беа прекинати во март 2009 година од страна на официјален Рабат заради иранските обвинувања дека го поддржува режимот во Бахреин – заливската монархија со доминантно шиитско население, но која е управувана од сунитска династија. 

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел