Иран: Најдобро е Асад да остане сириски претседател до изборите во 2014 година

Од:

Иран смета дека најдобро сценарио за Сирија ќе биде сирискиот претседател Башар ал Асад да остане на власт до претстојните претседателски избори во 2014 година.

– Според нас најдобор сценарио ќе биде Асад да остане претседател до летото 2014 година. Потоа ќе се одржат отворени избори на кои сирискиот народ ќе ја искаже својата волја и ќе одлучи за својата иднина, изјави претседателот на Комисијата за национална безбедност и надворешни работи во иранскиот парламент Алаедин Боруџери, кој се наоѓа во посета на Дамаск.

Посетата на иранскиот претставник продолжува и утре. Претходно денеска тој се сретна со сирискиот претседател Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск