Иран му предложил заем на Египет

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави денеска дека Техеран предложил да даде паричен заем на Египет кој се соочува со финансиски потешкотии, и покрај тоа што Иран е подложен на економски санкции поради нуклеарната програма.

– Претходно реков дека можеме да предложиме голема кредитна линија и многу услуги на египетските браќа, изјави Ахмадинеџад во интервју за египетскиот весник „Ал Ахрам“.

Тој не кажа дали имало повратен одговор од Каиро.

Според него, иранската економија, иако е засегната од санкции, е „голема економија“. Ахмадинеџад изјави дека таа преживува „позитивни нешта“, истакнувајќи оти извозот постепено се зголемува.

Ахмадинеџад исто така истакна дека има лесен напредок во насока на обновување на врските меѓу Техеран и Каиро, кои ги прекинаа дипломатските односи по Исламската револуција во Иран и мировниот договор меѓу Египет и Израел во 1979 година.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел