Иран ја осуди заложничката драма во кафуле во Сиднеј

Од:

Иран го осуди земањето заложници во кафуле во Сиднеј од страна на Иранец, што мигрирал во Австралија.

Во соопштение на иранското министерство за надворешни работи се наведува дека нападот е неоправдан.

Иранското министерство нападот, исто така, го оценува како нехуман акт, што предизвикува страв и паника кај луѓето со изговор дека тоа се прави во името на исламот.

Претходно денеска маж повеќе од 16 часа држеше под заложништво вработени и гости во кафуле во центарот на Сиднеј. Во заложничката драма во Сиднеј загинаа три лица, а четири се повредени.

Меѓу убиените е и напаѓачот, соопшти австралиската полиција.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран