Иран ја осуди резолуцијата на МААЕ како политичка и неконструктивна

Од:

Иран денеска ја осуди како „политичка“ и „неконструктивна“ резолуцијата усвоена од Агенцијата за атомска енергија на ОН (МААЕ), која е задолжена за нуклеарниот надзор во светот, а со која официјален Техеран е осуден за недостиг на соработка.

„Иран го осудува усвојувањето на резолуцијата претставена од САД, Велика Британија, Франција и Германија на состанокот на Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија како политичка, неконструктивна и некоректна акција“, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи.

Иран пред неколку дена предупреди дека ќе одговори на сите „неконструктивни дејствија“ преземени од МААЕ, откако агенцијата соопшти дека има траги од нуклеарен материјал на непријавени локации во Исламската Република.

Иран и агенцијата на ОН во март се согласија за пристапот за решавање на проблемот со нуклеарниот материјал пронајден во Мариван, Варамин и Туркузабад, локации кои Иран не ги прогласи за локации со нуклеарна активност.

Но, во извештајот од понеделникот, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека сè уште има нерешени прашања, и покрај долгогодишните напори да се натера Иран да го објасни постоењето на нуклеарен материјал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел