Иран и меѓународната шесторка разгледуваат продолжување на преговорите

Од:

Иран и меѓународната шесторка ќе направат последни напори за постигнување договор за нуклеарната програма пред истекот на рокот во понеделник на полноќ, иако ставовите на преговарачите остануваат оддалечени, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.

– Моментално сме фокусирани на последниот обид, голем обид за преминување на линијата, изјави Хамонд во Виена, како одговор на прашањето дали се разгледува продолжување на рокот.

Иран и големите сили разговараа за евентуално продолжување на преговорите за иранската нуклеарна програма 24 часа пред истекот на рокот за постигнување на целосен договор, изјави официјален претставник на американскиот Стејт департмент.

– Разговараме меѓусебно и со нашите партнери од групата 5+1 за можните опции. Една можност е продолжување на преговорите. Секако, разговараме за ваквите можности и со Иран, изјави дипломатот.

Според ирански извори разговарано е за можно продолжување на рокот за постигнување договор на период од шест месеци до година.

По петдневни интензивни преговори во Виена, Иран и групата 5+1, составена од Кина, САД, Франција, Велика Британија, Русија и Германија признаваат дека остануваат оддалечени по многу прашања.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер за германската телевизија АРД изјави дека е можно продолжување на преговорите и по првично поставениот рок 24 ноември, за постигнување на целосен договор за иранската нуклеарна програма.

– Преговараме со цел постигнување договор, изјави Штајнмаер, додавајќи дека ако таа цел не биде завршена, тогаш би требало да се разгледуваат можни опции за продолжување на преговорите.

Министрите за надворешни работи на САД и Иран Џон Кери и Мохамад Џавад Зариф, во неделата разговараа за можно продолжување на рокот на преговорите и други можно опции.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел