Иран: Хакиран серверот за мејлови на иранската ААЕ и побарно ослободување на политичките затвореници

Од:

Иранската Агенција за атомска енергија денеска објави дека хакери кои дејствувале во име на неидентификувана странска земја упаднале во мрежата на компанијата што управува со нуклеарната централа и пристапиле до серверот каде е електронската пошта.

Анонимна хакерска група која себеси се нарекува Black Reward ја презеде одговорноста за хакерскиот напад и бара Техеран да ги ослободи политичките затвореници уапсени за време на протестите низ целата земја.

Хакерска група соопшти дека има 50 гигабајти внатрешни мејлови, договори и градежни планови поврзани со иранската нуклеарна централа Бушер, поддржана од Русија.

Хакерскиот напад се случува во време кога Иран се соочува со немири ширум земјата предизвикани од смртта на Махса Амини, која беше приведен на 16 септември поради наводно непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување.

Иранската Агенција за нуклеарна енергија соопшти дека хакери упаднале во системот за е-пошта што го користи компанијата, која управува со единствената нуклеарна централа во земјата во јужниот пристанишен град Бушер.

Агенцијата обвини „странска земја“ за нападот, без дополнително објаснување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел