Иран го осуди хемискиот напад во Сирија

Од:

Иран денеска го осуди наводниот напад со хемиско оружје во градот Идлиб, на северот од Сирија, зад кој, според тврдењата на Западот, стои режимот на претседателот на Сирија, Башар Ал-Асад, и понуди помош за жртвите.

-Иран осудува било каква употреба на хемиско оружје, без разлика на тоа кој го употребил и кои се жртвите, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гашеми, пренесоа британските медиуми.

„Подготвени сме жртвите да ги доведеме во Иран и да им помогнеме“, рече тој.

Во вчерашниот напад во сириската провинција Идлиб, погинаа 72 лица, меѓу кои и 20 деца.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски