Иран го обвини Израел за вмешаност во убиството на врвниот научник Фахризаде

Од:

Министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Џавад Зариф вели дека постојат индиции оти Израел е вмешан во убиството на првиот човек на иранската нуклеарна програма Мохсен Фахризаде, додека иранскиот министер за одбрана Амир Хатами убиството го оцени како „длабока омраза на непријателот“ кон Иран.

– Терористите денеска го убија истакнатиот ирански научник. Ваков кукавичлук, со сериозни индиции за улогата на Израел, покажува очајно поттикнување војна, напиша Зариф на Твитер, но не наведе докази за неговите тврдења.

Тој истакна дека Иран ја повикува меѓународната заедница, посебно Европска Унија, да прекине со „срамните двојни стандарди“ и да го осудат таквиот „акт на државен тероризам“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а и Пентагон се уште не го коментирале убиството на Фахризаде.

Во автомобилот на Фахризаде, кој за Западот беше идеен творец на тајната нуклеарна програма за вооружување, денеска беше пукано близина на Техеран. Тој почина во болница од здобиените повреди.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел