Иран го блокираше пристапот до Gmail

Од:

Властите во Иран го блокираа пристапот од државата до Gmail.com во знак на протест против антиисламскиот видео-клип поставен на ЈуТјуб.

Според ирански медиуми, пристапот е блокиран од вчера, и чекорот е преземен поради молба на граѓаните, гневни на тоа дека трејлерот на филмот „Невиноста на муслиманите“ е поместен на сајтот кој е сопственост на Гугл. Пристапот од Иран до ЈуТјуб е забранет од претходно, но пребарувачот Гугл и Gmail останаа достапни.

Проценките се дека Gmail го користат милиони Иранци вклучително и владини службеници.

Досега иранските власти блокираа достап од Иран до над пет милиони вебсајтови, но со т.н. виртуелни приватни мрежи може да се заобиколат бариерите. Ирански медиуми денеска цитираа ирански претставник кој вели дека Иран може да го бојкотира Оскар во 2013 година заради антиисламскиот филм.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов