Иран: Асад и опозицијата можат кај нас да разгораат

Од:

Иранската влада, еден од главните сојузници на сиријскиот режим, ги покани двете спротивставени страни во Сирија, владата и опозицијата, да дојдат во Иран и да разговараат за актуелната состојба и кризата во земјата.

„Иран е подготвен да биде домаќин на сириската опозиција во дијалогот со Асад“, рече шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи за телевизијата Ал-Алам и додаде „Ние веруваме дека за сиријското прашање Сирија сама треба да најде решение“.

Техеран неколку пати ја понуди својата помош за решавањето на кризата во Сирија. Опозицијата го одвиваше предлогот, поддржана од западните и арапските земји обвинувајќи го Иран дека го брани сирискиот претседател Башар ал-Асад. Од друга страна пак, Иран обвини некои западни и арапските земји дека ги вооружуваат бунтовниците.

Кофи Анан, специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига, Русија и Кина го поздравија учеството на Иран во потрага по решение на кризата во која од почетокот до сега животот го загубија повеќе од 17.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски