Ирак започна операција за обезбедување на пустината на границата со Сирија

Од:

Ирачката армија објави дека започнала операција за обезбедување пустина на западната граница со Сирија од „будењето“ на џихадистите на ИД, кои се собираат таму.

Операцијата “Волја за победа” започна рано изутрина и треба да обезбеди “чистење” на таа оддалечена област помеѓу провинциите Салахедин, Нинва и Анбар.

Армијата соопшти дека нејзините специјални сили и силите на племенските групи учествувале во операцијата поддржана од страна на американската меѓународна коалиција.

Ирачките власти кон крајот на 2017 година објавија дека ја поразија Исламската држава, неколку месеци откако џихадистите беа протерани од Мосул, главниот град на провинцијата Ниневија.

Исламската држава беше поразена во соседна Сирија, но некои џихадисти се засолнија на границата со Ирак.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати