Ирак и предаде на Турција 188 деца членови на ИД

Од:

Ирак и предаде на Турција 188 турски деца, осомничени дека се членови на групата Исламската држава (ИД), соопшти денеска ирачкиот судија Абдул Сатар Aл-Биркдар.

– Централниот истражен суд, кој е надлежен за истрага на тероризам, на турската страна и предаде 188 деца, кои ги оставиле терористи на ИД во Ирак, нагласи Биркдар.

Предавањето било извршено на аеродром во Багдад, во присуство на претставници на двете земји и на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Биркдар додаде дека претставници на ирачкото правосудство биле присутни на аеродормот, се додека децата не се качииле во авионот, кој ги однел во нивната татковина.

Според Биркдар, меѓу децата има и неколку кои се „речиси возрасни луѓе“, осудени за илегално преминување на граничен премин и ги служат своите казни. Според ирачките закони, деца од над деветгодишна возраст можат да се сметаат за одговорни за злосторства.

Во март беше објавено дека околу 1.100 деца, припадници на ИД, се предмет на истрага на ирачкото судство. Најмладите од нив остануваат во затвор со своите мајки. Најмалку седум деца починаа поради лошите услови во затворите.

Неколку стотици постари деца кривично се гонети за разни кривични дела – од нелегално влегување во Ирак, до учество во борби на страната на ИД. Околу 185 деветгодишни деца веќе се осудени и издржуваат казна од неколку месеци до 15 години во затвор за малолетници во Багдад.

Инаку, ирачкиот претседател Бархам Салих денеска се врати во земјата по кратката посета на Турција, за време на која се сретна со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски