Ирачки Курдистан го подготвува референдумот, Турција и Иран војските

Од:

Граѓаните на ирачки Курдистан утре би требало да се изјаснат на референдум за независност на тој регион од Ирак.

Како што изјави претседателот на регионалната владаМасуд Барзани, ирачките Курди се спремни да ја платат било која цена за слобода.

Регионалната влада рече дека референдумот има за цел на автономната тероторија на ирачки Курдистан да му обезбеди легитимен мандат за да може да станат независни од Багдад со дијалог со Ирак и околните земји.

Турција и Иран се загрижени дека референдумот може да ги разгори сепаратистичките страсти и кај курдската популација на територијата на нивните земји.

Иранската Револуционерна гарда започна со воени вежби во курдскиот регион, во близина на границата со Ирак, а на сајтот на иранската гарда не е наведено колку догло ќе траат вежби, освен што стои дека во нив учествуваат авионските и ракетни единици.

Турскиот парламент на вондредна седница го обнови мандатот со кој на војската им се дозволува да интервенира во Ирак и во Сирија.

Турските власти во повеќе наврати го предупредија полу-автономната влада на Курдистан во Ирак да се откаже од референдумот за независност.

Турскиот министер за одбрана, Нуретин Шаникли го спореди референдумот со цигла, која доколку се извлече може да ја растури структурата изградена од деликатни и кревки биланси.

Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим референдумот го нарече грешка и авантура, изјавуваќи дека Турција ќе преземе политички, дипломатски и економски мерки во склад со случувањата на теран, додека воена операција исто така останува како опција.

Советот за безбедност на Обединетите нации во соопштение изрази загриженост поради можната дестабилизација на регионот поради референдумот, додека САД го осудија референдумот, а американската амбасада во Ирак ги повика граѓаните да не патуваат во тоа подрачје поради евентуални немири, кои би можеле да избијат за време на референдумот.

Русија ја потврди константната поддршка за единствното, суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.

Референдумот ќе биде кулминација на вековната борба на Курдите за самоопределување.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад