Интерпол вчера соопшти дека почнува нова операција наречена Хидра против организирани криминални мрежи кои тргуваат со луѓе.
Операцијата ќе се фокусира на поединци кои се барани поради трговија со луѓе, а ќе се апелира и на соработка на јавноста.
Целта е да се прошири размената на информации за да се спроведат поефикасни истраги против трговци со луѓе и да се разбијат нивни криминални организации.
Интерпол ќе спроведе и регионални операции против трговијата со луѓе во Африка преку своите претставништва во Абиџан и Најроби.