Интерпол идентификувал над 4.000 странски џихадисти

Од:

Интерпол идентификува над 4.000 странски борци, кои се приклучиле на џихадистички групи во зоните на конфликт, во најголем дел во Ирак и Сирија, изјави денеска генералниот секретар на организацијата Јурген Сток во Барселона.

Генералниот секретар на меѓународната полициска организација зборуваше на отворањето на меѓународниот собир на разни полициски тела кои соработуваат со Интерпол, со цел да се подобри соработката во борбата против тероризмот.

За борба против феноменот на странски борци Јурген Сток ги повика земјите подобро да разменуваат информации и меѓународните власти да го олеснат пристапот до информации.

– Иако информациите се повеќе се разменуваат преку границите, тоа е побавно отколку што на терористите им е потребно за регрутирање и влез во зоните на конфликт, истакна Сток.

Во извештај на ОН се наведува дека околу 25.000 странски борци од 100 земји се придружиле во редовите на вооружени групи, како што се ИД и Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Албански државјанин уапсен во Македонија, го барал Интерпол Париз

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

(ВИДЕО) Палевски бил уапсен додека се движел пешки по автопат, а најмил такси за да лажира дека оди за Истанбул

A1on