Интензивни борби за воспоставување контрола над Триполи

Од:

Во предградијата на либискиот главен град Триполи се водат интензивни борби меѓу борците на исламските милитантни групи и силите лојални на премиерот Абдулах ал Тани.

„Ал Арабија“ јави дека повеќе реони во Триполи се бомбардирани и дека авијацијата напаѓа позиции на екстремистите.

Началникот на генералштабот на либиските Вооружени сили, Абдел Разак ал Нури објави „целосна мобилизација“ пред „решавачкиот напад“ врз Триполи.

Ал Тани, пак, посочи дека мобилизацијата е одговор на барањата на Либијците да бидат ослободени од екстремистите.

Во меѓувреме „Скај њуз – Арабија“ објави дека сите реони во Триполи се спротиставиле на екстремистите. Според очевидци, во повеќе населби на градот се слушаат истрели. Активистите на социјалните мрежи ги повикуваат жителите на Триполи да се кренат на бунт.

Армиски командант потврди дека армијата добила наредба да го исчисти Триполи од џихадистите. Во борбите учествуваат и Зинтанските бригади на генерал Халиф Хафтра, кои се противници на исламистите.

Кон крајот на август исламистите под раководство на Муслиманско братство презедоа контрола над меѓународниот аеродром во Триполи и над клучните министерства и државни институции. Поради тоа Парламентот беше принуден да се премести во Тобрук, во близина на границата со Египет. Происламските групи формира паралелна влада на чело со Омар ал Хаси.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски