Инспекторите на ОН утре се враќаат во Сирија

Од:

Инспекторите на ОН утре повторно заминуваат за Дамаск, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Тој изрази задоволство што „биле слушнати повиците на Москва“ за повторно враќање на меѓународните инспектори во Сирија и посета на местата на кои се тврди дека било употребено хемиско оружје.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Рјабков истакна дека се нелогични обидите да се поттикне Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за Сирија со која би се предвидувало употреба на сили.

– Немаме намера да ги повторуваме грешките. Лекцијата со Либија е научена многу добро, нагласи Рјабков во руслиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск