Инспекторите на ОН пристигнаа во Либан

Од:

Инспекторите на Обединетите нации кои вчера завршија со истрагата за евентуалната употреба на хемиско оружје во сирискиот конфликт ја напуштија Сирија и пристигнаа во Либан.
Инспекторите во Сирија беа цела недела.

Тие од Бејрут треба да отпатуваат за Хаг, каде се наоѓа централата на Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Се претпоставува дека за две недели ќе го соопштат конечниот извештај дали во нападот од 21 август врз предградија на Дамаск сириската армија употребила хемиско оружје.

Сириската опозиција и дел од западните држави се убедени дека режимот на претседателот Башар ал Асад употребил хемиско оружје.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска