Индонезија уапси петмина организатори на регрутацијата на борци за Исламската држава

Од:

Индонезиската антитерористичка полиција вчера уапсила петмина организатори на регрутацијата на борци за Исламската држава. Повод за нивното апсење се резултатите од истрагата за тоа како група од 16 индонезиски државјани, меѓу кои 11 малолетници и 4 жени успеале како туристи да допатуваат во Турција, а биле уапсени во градот Газиантеп, при обид илегално да влезат во Сирија.

Апсењето на организаторите на регрутацијата на потенцијални радикални исламисти го актуелизира и прашањето, како најбројната муслиманска држава на светот ќе се справува со ангажирањето на нејзини граѓани за борби во Исламската држава. Сегашните закони на Индонезија не предвидуваат казни за тие што заминуваат на боиштата на калифатот, а единствената мерка, за сега, е одземањето на пасошите на тие што се вратиле од боиштата во Ирак и Сирија.

Еден од вчера уапсените организатори на регрутацијата бил фатен во сличен обид во јануари годинава, кога врбувал шестмина млади Индонезијци за учество на боиштата во Исламската држава. Единственото обвинение поднесено против него било учество во фалсификување на документи.

Според денешниот Џакарта пост, минатата година во Исламската држава во борбите на страна на радикалните муслимани уќествувале 600 граѓани на Индонезија.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници