Индонезија нуди посредување за споровите на Кина и Јужна Кореја со Јапонија

Од:

Во дипломатските кругови во Индонезија се повеќе се говори дека Џакарта ќе ја има улогата на посредник за решавање на споровите на Кина и Јужна Кореја со Јапонија.

Иако официјално уште ништо не е потврдено, во Џакарта се очекува дека тука или во Бандунг, по повеќегодишни одбивања, ќе се оддржи трилатерална средба меѓу кинескиот премиер Кси Џинпинг, јапонскиот Шинѕо Абе и претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје.

Тројцата лидери во исто време ќе претстојваат во Индонезија кон крајот на месецов, по повод одбележувањето на 60-годишнината од првата Азиско-африканска конференција.

Последна заедничка средба на шефовите на трите држави се одржа во Пекинг во 2012 година, без резултат за решение на спорните територијални прашања и бараното јапонско извинување за империјалистичкиот поход на Токио во време на Втората светска војна. Јужна Кореја, освен тоа, бара и јапонско државно извинување и обештетување на најмалку 250.000 жени кои за време на војната биле сексуални робинки во јапонските воени кампови.

Мината година лидерите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја во три наврати беа учесници на големи политички собири, но не дојде до средба меѓу нив.

Како потврда дека во Џакарта ќе дојде до трилатерална средба на најголемите политички и економски сили во Азија е и најавениот состанок на министрите за надворешни работи на Кина, Јапонија и Јужна Кореја, закажан за следниот викенд во Сеул.

Индонезија во осумдесетите години на минатиот век имаше успешна улога на медијатор во решавање на децениската криза во Камбоџа. Претседателот на Индонезија Јоко Видодо на 23 март во Токио има закажано средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Индонезиските аналитичари потсетуваат дека германската премиерка Мекел го советувала јапонскиот колега Абе во решањањето на лошото историско наследство од времето на војната да го употреби германското искуство. Меркел рекла дека Германија прифатила „работите да ги нарече со вистинското име“.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина