Индонезија можен медијатор во спорот меѓу Северна и Јужна Кореја

Од:

Медиумите во Џакарта денеска пишуваат дека Индонезија, најверојатно, ќе има активна политичка улога во надминувањето на споровите и конечното помирување меѓу Северна и Јужна Кореја.

Првите сигнали за можното медијаторство на Индонезија на Корејскиот Полуостров се објавени со извештаите за посетата на потпретседателот на Индонезија Јусуф Кала на Јужна Кореја, кој во Сеул имаше средби со политичкиот врв на таа држава.

Аналитичарите во Сеул и регионот на југоисточна Азија денеска објавија повеќе текстови во кои се нагласуваат водечката улога на Индонезија во Движењето на неврзаните и големата заслуга на индонезиската дипломатија за конечно решение на политичката нестабилност во Камбоџа во деведесеттите години на минатиот век. Џаката беше неколкугодишен, успешен, медијатор за прекин на граѓанската војна во Камбоџа.

Се потсетува дека Индонезија има и одлични релации со САД и Кина, двете големи сили кои покажуваат директен интерес за настаните на Корејанскиот полуостров. Исто така, Џакарта има добри економски и политички релации и со Јужна и со Северна Кореја, така штоќе нема ниакви пречки Индонезија да биде активен посредник во процесот за помирување на двете Кореји. 

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна