Индиските власти му го поништија пасошот на избеганиот тајкун Виџаи Малиа

Од:

 Индиските власти му го поништија пасошот на тајкунот Виџаи Малиа кој е обвинет за бегство и сокривање во Велика Британија, откако остави големи долгови во Индија, по пропаѓањето на неговата авионска компанија „Кингфишер Ерлајнс“.

Полицијата има подготвено и налог за негово апсење, па властите ја испитуваат можноста за да побараат депортација на Малиа од Британија.

Индиските медиуми го опишуваат како „надуениот бизнисмен“ кој стана познат во Индија по инвестициите во авионскиот бизнис, во Формула 1, индискиот крикет и домашната индустрија за безалкохолни пијалаци, но за него сега се вели дека има оставено долг од 1,4 милијарди долари. Најголемиот дел од овој долг е последица од пропаѓањето на авионската компанија.
Од локацијата во која се крие, Малиа полемизира со индиската јавност и властите, отфрлајќи ги обвинувањата дека побегнал поради долговите и ги осудува медиумите во земјата, дека „го судат“ кај домашната јавност.

Минатиот месец властите блокираа 75 милиони долари кои се на неговата сметка, како платена надокнада од една британска фирма за безалкохолни пијалаци. Властите и банките доверители бараат од овие пари да се наплати дел од долговите што тој ги има направено.

Врховниот суд ја отфрли понудата на Малиа, да плати половина од долгот во септември, па дозволи блокирање на овие 75 милиони.

Во февруари годинава Виџаи Малиа беше отстранет и од раководството на компанијата што ја има создадено.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка