Индискиот премиер Моди е најомилениот светски лидер

Од:

Индискиот премиер Нарендра Моди е рангиран како најомилен светски лидер, пред 12 негови колеги низ светот, според Global Leader Approval Rating Tracker – GLART, студија спроведена од американската компанија за истражување на пазарот „Morning Consult“.

Агенцијата го следи рејтингот на одобрување на шефовите на влади во Австралија, Бразил, Канада, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Мексико, Јужна Кореја, Шпанија, Велика Британија и САД.

Врз основа на испитувањето на повеќе од 3.200 писмени Индијци, истражувањето покажа дека 70 отсто од испитаниците ја одобруваат работата на Моди, а само 24 проценти не се задоволни од неговата улога како премиер. Сепак, неговата популарност малку се намали од 73 отсто во септември оваа година.

Рејтингот на индискиот премиер беше 82 отсто во 2019 година, кога неговата влада го укина десетгодишниот специјален статус на спорниот регион Џаму и Кашмир. Сепак, катастрофалниот втор бран на пандемијата на Ковид-19 го погоди неговиот имиџ и неговиот рејтинг достигна историски најниско ниво во мај оваа година.

Студијата на „Morning Consult“ ја наведува разликата меѓу неговата популарност и онаа на неговите колеги во светот, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел.

Работата на Бајден е оценета негативно кај 48 отсто од вкупно 40.246 испитаници. Неговиот рејтинг на одобрување се намали за девет поени на 44 отсто во споредба со неговиот рејтинг во јуни оваа година.

Педесет и четири проценти од вкупно 3.469 анкетирани Германци ја поддржуваат работата на Меркел, а 41 отсто не се согласуваат.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор е вториот најпопуларен светски лидер со одобрение од 66 отсто, а италијанскиот премиер Марио Драги ја добива поддршката од 58 отсто од испитаниците. Францускиот претседател Емануел Макрон продолжува да се соочува со гневот на неговите сонародници, при што 55 проценти од Французите не ја одобруваат неговата работа.

Целосната ранг листа на „Morning Consult“ за одобрување на светските лидери:

Моди: 70%
2. Лопез Обрадор: 66%

3. Драги: 58%

4. Меркел: 54%

5. Морисон: 47%

6. Бајден: 44%

7. Трудо: 43%

8. Кишида: 42%

9. Мун: 41%

10. Џонсон: 40%

11. Санчез: 37%

12. Макрон: 36%

13. Болсонаро: 35%.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка