Индиски авиомехничар „проголтан“ од моторот на авион

Од:

Еден индиски авионски мехничар загина, откако бил „проголтан“ од моторот на авион на компанијата „Ер Индија“.

Инцидентот се случил на аеродромот во Мумбај во момент додека авионот се подготвувал да полета на својата редовна линија за Хајдерабад.

Претставник на компанијата изрази жалење за оваа несреќа и за смртта на авиомехничарот, најавувајќи детална истрага.

Засега е познато дека мехничарот настрадал додека авионот се враќал назад за да излезе на главната писта за полетување, а истрагата треба да открие дали одговорноста ќе му се припише на невнимателниот мехничар за тоа дека стоел премногу блиску до моторите или на пилотите.

Индискиот весник „Тајмс оф Индија“ пишува дека несреќата се случила доцна синоќа во моментот кога копилотот на авионот ги вклучил моторите.

– Никој не знаеше што се случило. Наеднаш слушнавме дека еден од мехничарите бил „вшмукан“ од еден од авионските мотори, изјави за весникот неидентификуван претставник на аеродромот во Мумбаи.

Според индиските медиуми, овој инцидент одново укажува на лошата состојба во државната авионска компанија „Ер Индија“.

Компанијата нема регистрирано профит уште од 2007 година, а таа често е обвинувана за технички пропусти и за недисциплина на нејзиниот персонал, посебно на членовите на авионските посади.

Во април годинава двајца пилоти беа отпуштени од работа од „Ер Индија“, затоа што се степале во пилотската кабина непосредно пред полетувањето на нивниот авион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски