Индија: Зголемен бројот на починати од последното труење со нелегален алкохол

Од:

Бројот на мртвите од труењето со домашнопроизведениот алкохол во североисточната индиска држава Ашаму се зголеми на 139, а речиси 300 лица се хоспитализирани.

Жртвите првенствено се работници од плантажа за чај во окрузите Голегат и Јорхат, кои го пиеле тој алкохол во четврток навечер.

Речиси 300 лица, кои се жалеле на болка во желудникот и отежнато дишење се примени во болница, а дел од нив се во критична здравствена состојба, соопштија локалните здравствени власти.

Истрагата утврдила дека смртта настапила како последица на труење со метанол, поради што се уапсени 14 лица, а илјадници литри од илегалниот пијалак ќе бидат уништени во полициска акција.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка