Индија: Во напад на екстремисти загинаа 17, ранети 35 војници

Од:

Најмалку 17 индиски војници се убиени во провинцијата Кашмир, во напад на вооружени исламистички милитанти, врз базата Ури, близу до линијата која ги разделува индиските и пакистанските трупи, соопшти командата на индиската армија.

Во соопштението на армијата се вели дека четворица од напаѓачите се убиени.

Нападот бил извршен во рани зори, во реонот западно од градот Сринагар, кога „тешко вооржените“ напаѓачи навлегле во индискиот секор, од пакистанската страна и упаднале во базата пукајќи и фрлајќи бомби.

Експлозии во базата имало неколку часови по нападот, предизвикувајќи пожари врз војничките шатори и привремените засолништа за војниците и нивната опрем во базата.

Нападот врз базата Ури доаѓа по насилничките демонстрации на цивилното население во индискиот дел на Кашмир, протестирајќи против индиката контрола на дел од оваа територија под Хималаите.
Околу 80 лица досега загинаа во протестите што тараа веќе два месеци.

Шеесет години трае спорот меѓу Индија и Пакистан околу Кашмир и неговата сувереност, за кој, на два пати досега овие две соседни земји водеа и војна.

Кашмир е главно муслиманска територија, но двете земји претендираат на провинцијата. Привремено Кашмир е поделен на пакистански и на индиски дел, во кој муслиманите и хинду верниците се приближно еднакво распределени, но мслиманите од индискиот дел постојано бараат припојување на целиот Кашмир кон Пакистан.

Властите во Њу Делхи, за немирите во провинцијата ја обвинуваат пакистанската страна, тврдејќи дека ги потикнува екстремистите на напади во индискиот дел, најчесто врз војската и градот Сринагар.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка