Индија: Се превртел чамец, 11 жртви

Од:

Најмалку 11 лица, од кои осум деца, се удавиле во река на исток на Индија откако нивниот чамец се превртел во водата, соопшти полицијата.

Локалниот полицаец, Навир Куман Синг изјавил дека жртвите се враќале дома од село на другата страна на реката каде што присуствувале на погреб на роднина, пренесе „Асошиејтед прес“.

Тој додава дека 24 лица од чамецот успеале да дојдат до брегот на реката додека останатите 11 се удавиле.

Поради надојдените реки од силните монсунски дождови чамците се главно средство за превоз во зафрлените подрачја на Индија.

Несреќите се случуваат поради тоа што чамците се во многу лоша состојба и пренесуваат повеќе лица отколку што е нивниот капацитет.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка