Индија планира да откупува злато од граѓаните

Од:

Индиските власти планираат да спроведат радикален план за откупување злато од граѓаните за да се ограничи увозот на благородниот метал и да се амортизира намалувањето на вредноста на националната валута.

Неименуван извор изјавил за Ројтерс дека планот предвидува комерцијалните банки да почнат да откупуваат злато од граѓаните, а потоа да го предаваат до фабриките за благородни метали.

Индија има трет според големина во светот дефицит за тековни исплати, близу до 90 милијарди долари. Тоа, меѓу другото, е последица и на увозот на огромни количества злато.

Се проценува дека граѓаните поседуваат најмалку 31.000 тони злато во вкупна вредност од 1.400 милијарди долари. Ако барем дел од тоа злато заврши во фабриките, се очекува значително намалување на увозот, кој лани изнесувал 860 тони.

За да ги привлечат граѓаните да продадат накит, златни прачки или монети, банките треба да понудат подобри цени отколку што нудат фирмите за заложување или златарниците.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка