Индија не испорачува, ковакс-механизмот ќе има огромен недостиг од вакцини во следните два месеци

Од:

Индија, која во моментов е најголемото жариште на коронавирус во светот, има ограничен извоз на вакцината „Астра зенека“ произведена од нејзиниот Институт за серум.

Тие вакцини произведени во Индија беа планирани за програмата Ковакс, но Индија не може да ги испорача бидејќи и се потребни за сопственото население во борбата против големиот втор бран на епидемијата на коронавирус.

Шефот на УНИЦЕФ, Анриета Форе поради тоа побара од земјите од Г7 да донираат вакцини на глобалната програма Ковакс за да се надомести сериозниот недостиг во однос на нарушувањата на извозот на вакцини од Индија.

Форе, која е задолжена за доставување вакцини преку Ковакс, проценува дека ќе има недостиг од 140 милиони дози до крајот на мај и околу 190 милиони до крајот на јуни.

– Треба веднаш да се подели вишокот дози како основна и суштинска мерка за пополнување на недостигот, рече таа, додавајќи дека тоа ќе им помогне на ранливите земји да не станат нови глобални жаришта.

Извршниот директор на УНИЦЕФ исто така рече дека земјите од Г7, ако поделат само 20 проценти од залихите на вакцини во текот на јуни, јули и август, ќе се соберат 153 милиони дози.

Таа верува дека ова може да се направи во исто време кога тие земји продолжуваат да ги исполнуваат целите за вакцинирање на сопствената популација.

Програмата Ковакс, водена заеднички од Светската здравствена организација и Алијансата за вакцини ГАВИ, претежно ја користи вакцината на „Астра зенека“ и планира да дистрибуира две милијарди дози ширум светот оваа година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

УНИЦЕФ: Повеќе од 8.000 деца во Србија биле изложени на семејно насилство

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера

Ана Ололовска

УНИЦЕФ: Дури 35.000 албански граѓани дополнително ќе ги погоди сиромаштијата, меѓу нив и 9.000 деца

А1он