Индија и Бангладеш потпишаа историска спогодба за границата

Од:

Индија и Бангладеш денеска потпишаа историски договор за надминување на долгогодишниот пограничен спор, информираа светските агенции.

Спогодбата, потпишана во присуство на премиерите Нарендра Моди и Шеик Хасина, предвидува двете земји да разменат околу 200 мали енклави, од кои повеќето се во близина на официјалната граница. Со примената на спогодбата над 50.000 жители ќе добијат државјанство.

Согласно договорот, секоја од државите ќе земе повеќе од енклавите на своја територија, а жителите ќе имаат право да останат каде се сега или да се преместат од другата страна на границата.

Согласност за спогодбата беше постигната уште во далечната 1974 година меѓу тогашните премиери на Индија и Бангладеш, Индира Ганди и Муџибур Рахман. Но, по убиството на Муџибур во 1975 година напредокот долго време беше во застој, а следните влади не успеаја да се договорат за размената на енклавите.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка