Индија го произведе првиот носач на авиони „ИНС Викрант“

Од:

Индија го претстави својот прв носач на авиони од домашно производство, што претставува пресвртница во зајакнувањето на воените капацитети на земјата, но и на нејзиниот кредибилитет во регионот на јужна Азија.


Кога носачот на авиони „ИНС Викрант“ ќе влезе во оперативна употреба во 2018 година, Индија ќе се најде меѓу петте светски нации кои имаат носачи на авиони од сопствено производство со што веројатно ќе ја поттикне и Кина да се приклучи кон елитниот клуб во кој се Велика Британија, Франција, Русија и САД.


– Ова е исклучителен момент, рече министерот за одбрана А. К. Антони додека стоеше пред огромниот сив труп од бродот на свечаноста во градот Кочи.


„Ова е само првиот чекор на долгиот пат, но истовремено е и многу важен“.


Првиот индиски носач на авиони, што ќе биде опремен со оружје и машинерија и ќе биде тестиран во следните четири години, ќе претставува главна предност за земјата што се натпреварува за влијание во Азија, велат аналитичарите.


– Викрент ќе биде разместен во регионот на Индискиот Океан каде се судруваат светските комерцијални и економски интереси. Индија постојано ги развива капацитетите имајќи ја Кина на ум, наведува воениот експерт Рахул Беди.


Индија во саботата најави дека и нејзината прва нуклеарна подморница од домашно производство е подготвена за поморско тестирање за да стане целосно оперативна.


Премиерот Манмохан Синг рече дека е тоа „џиновски чекор“ за нацијата.


-Сето ова треба да го заштити индиското влијание и да делува како продолжение на нејзината дипломатија, додаде Беди.


Њу Делхи троши десетици милијарди долари на унапредување на својата воена техника која главно потекнува од советската ера, а се со цел на зајакнување на својата одбрана.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка