Индија: Десет загинати при уривање на хотел

Од:

Десет лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на двокатен хотел на југ на Индија соопшти полицијата од градот Секундерабад.

Полицаецот Б. Сурендер од локалната полициска станица изјави дека околу 25 лица работеле во хотелот „Сити лајт” кога дошло до уривање на еден од ѕидовите на кујната, при што вработените останале заробени под урнатините, пренесе „Франс прес“.

-Според зборовите на оние кои работеа во близина на хотелот, зградата била многу стара, а ѕидовите биле распукнати – изјави Сурендер.

Во Индија последните месеци се урнаа неколку згради, од кои повеќето беа станбени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка