Индиец со секира убил четири жени и пет девојчиња

Од:

Во Индија денеска, еден селанец со секира убил четири жени и пет девојчиња, затоа што, наводно, бил ментално пореметен откако го оставила жената, соопшти полицијата.

Панду Нагесија (35) уби девет свои сосетки за време смртоносното дивеење низ селото Бехратоли во државата Чатисгар во централна Индија, изјави шефот на полицијата за агенцијата АФП.

Жртви се пет девојчиња, на возраст меѓу две и девет години, една 25-годишна жена и три жени постари од 60 години.

Нагесија прво се нафрлил врз 25-годишната жена и нејзиното две-годишно дете и ги усмртил, а потоа ги убил и сосетките една по една, изјави шефот на полицијата.

Нападите врз жени во Индија привлекоа поголемо внимание во јавноста од декември, кога една 23-годишна студентка, брутално ја силуваа шест мажи во автобус во Њу Делхи.

Таа по две недели почина од повредите.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка