Имигрантите во Шведска пратиле дома 2 милијарди евра

Од:

Имигрантите во Шведска лани пратиле вкупно 17,6 милијарди шведски круни (нешто помалку од 2 милијарди евра) во своите татковини, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Таа сума е околу половина од вкупната шведска меѓународна помош на неразвиените и земјите во развој, според проценката напрваена од страна на „Риа Финаншл Сервисис“, водечка компанија за парични трансакции во нордиските земји.

Приматели на имигрантските дознаки во нивните земји, меѓу кои значајно место според податоците имаат и балканските земји, главно се најблиските роднини.

– Во просек станува збор за околу 350 евра по трансакција, најчесто еднаш месечно, вели Торбјорн Сандал, шеф на „Риа Норден“.

Според Сандал, ваков вид на директни исплати функционираат како ефикасни форма на финансиска помош бидејќи одат директно кај оние што имаат потреба од парите, а не преку хуманитарни организации кои имаат и свои трошоци.

Најмногу имигрантски пари од Шведска лани се се испратени во Ирак, околу 170 милиони евра, како и во Полска, околу 100 милиони евра. Балканските имигранти во Шведска исто така праќаат значајни средства во своите земји, а меѓу нив водечко место имаат Босанците кои лани дома испратиле околу 75 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност