Имигранти-муслимани во Италија обвинети за фрлање на христијани во Медитеранот

Од:

Италијанската полиција на Сицилија денеска уапси 15 илегални африкански имигранти од муслиманска вероисповест, затоа што, според тврдење на очевидци, за време на патувањето кон Италија по една расправија од бродот во водите на Медитеранот фрлиле 12 христијански бегалци.

Полицијата од Палермо соопшти дека уапсените се државјани на Брегот на Слоновата Коска, Мали и Сенегал. Тие се товарат за „повеќекратно убиство поттикнато од верска омраза“.

Инцидентот се случил на бродот „Еленсборг“ во Сицилискиот Теснец, кога меѓу имигрантите започнала расправија на верска основа.

Имигрантите-христијани, кои биле фрлени во морето, потекнувале од Гана и Нигерија.

– Преживеаните успеале да се спасат од давање на тој начин што формирале човечки синџир, се наведува во полициското соопштение.

Ова е прв случај на апсење на илегални имигранти во Италија поради верска омраза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим