Илјадници луѓе протестираа во Лондон против Брегзит

Од:

Во центарот на Лондон денеска повторно илјадници луѓе протестираа против Брегзит, повикувајќи ја Владата „повторно да размисли и да го отфрли Брегзит“.

Протестот е организиран пред гласањето во Долниот дом на британскиот Парламент, што е закажано в понеделник вечер.

Пратениците првпат ќе гласаат за законот со кој формално ќе заврши членството на Велика Британија во ЕУ и за околу 12.000 закони и правила на Унијата кои ги има и во британскиот законик.

Дел од демонстрантите носеа транспаренти „Излез од Брегзит“ (Exit from Brexzit).

На референдумот за Брегзит, одржан во јуни 2016 година, 52 проценти од Британите се изјаснија за излез од Унијата, додека 48 беа против.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски