Институтот за економија и мир на Универзитетот во Мериленд, ја прогласи џихадистичката Боко Харам за најсмртоносна во светот. Тие податоци се наведени во Светскиот индекс за тероризам за 2015 година објавен од тој институт.
Врз основа на анализи и извештаи, Институтот утврдил дека само две терористички организации – Исламска држава и Боко Харам заедно се одговорни за 51 отсто од сите жртви на терористички напади во светот.
Боко Харам кои ветија лојалност на ИД, е најсмртоносна терористичка организација во светот и убиле 6.644 луѓе. Бројот на жртвите од нападите на ИД е 6.073, се вели во извештајот на Институтот.