ИДФ: Складиштата за оружје и командните центри на Хезболах се погодени во нападите во Бејрут

Од:

Израелските воздухопловни сили завршија бран воздушни напади врз воени цели на Хезболах во Бејрут, објавија денес Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Според ИДФ, погодени се складишта за оружје, командни центри и опрема за сателитска комуникација што му припаѓа на разузнавачкиот оддел на Хезболах, објавува „Тајмс оф Израел“.

– Нападите беа насочени кон комуникациски објекти што терористичката организација Хезболах ги користеше како терористичка инфраструктура, која ја користеше за извршување терористички активности, собирање разузнавачки информации, а исто така и за пропагандни цели, соопшти ИДФ, откако либанските медиуми објавија дека биле цел и студијата на телевизискиот канал Ал-Манар, во сопственост на Хезболах.

Би можело да ве интересира

Шефот на Хезболах: Преговорите меѓу Либан и Израел мора да постигнат меѓусебна безбедност

А1он

Хезболах ги продолжува нападите врз северен Израел по нападот во Бејрут

Нетанјаху: Израел не е во војна со Либанците, ние се бориме против Хезболах и Иран

Израел изврши воздушни напади врз предградијата на Бејрут

Хезболах го отфрли предлогот за прекин на огнот со Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел и Либан договорија примирје