Израелските одбранбени сили уништија таен тунел на Хезболах во Либан

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека уништиле тунел на Хезболах, кој се протега десетици метри во селото Сребин во јужен Либан.

Израелската војска соопшти дека војниците од 300-та регионална бригада Барам и елитната единица за борбено инженерство Јахалом спровеле „целна активност“ во Сребин, за време на која силите го уништиле тунелот, објави „Тајмс оф Израел“.

– Подземниот пат го користела терористичката организација Хезболах за напредување и спроведување терористички заговори против нашите сили, се вели во соопштението на ИДФ објавено на X.

Додадено е дека на други места во јужен Либан, војниците од бригадата Кфир откриле и уништиле складиште за оружје кое вклучувало ракети и лансери на Хезболах.

Дополнително, силите на 4-та бригада лоцирале десетици оружја од различни видови, вклучувајќи оружје од типот Калашников, противтенковски ракети и дополнителна борбена опрема.

Би можело да ве интересира

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат